негов (прид.) - историски (прид.)

Тоа беше најболното прашање во неговите историски потраги во пишувањето на Историјата на Балканот низ падовите на империите.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
На крајот му преостанува уште да ги преброи своите лудории и да се види до полжавите и до гротескниот крај на неговиот историски пат...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Со Првото заседание на АСНОМ и неговите историски одлуки македонскиот јазик за прв пат станува признат и рамноправен јазик со другите јазици.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Во младата македонска држава започна процесот на организирање на бројни државни институции.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Медицинскиот државен удар ја спаси земјата од неговите илузии да го стигне местото во историјата, за кое повеќе немаше моќ, со што можеше да ја загрози стабилноста на малата држава под налетите на исламскиот интегризам кој експлодира во светот по големата петролејска криза во 1973 година.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Под густите сенки на манастирските палми, во миризливата јасминова градина, во играта на сините бранови, кои му го засилуваа чувството на живеење ја прелистуваше големата книга на животот во која беа впишани големите страници на историјата во која беше активен протагонист и во која додека беше сакаше со сите средства да си избори што повисоко место: изборената автономија, па независност од Мандес Франс и Франција, неговите историски односи и средби со своите современици - мароканскиот крал Мохамед V, саудискиот крал Фејсал, Шарл Де Гол, Тито, Ајзенхауер, Мандела, Кенијата, па дури и Франко, со кого се сретна во 1950 година...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Заглибувајќи во својот идеал човекот се изгубил во сопствената игра, па сакајќи да се надмине се скаменува во недвижење.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)