негов (прид.) - мек (прид.)

Ја мазнеше неговата мека козинка со својот образ, чувствувајќи како брзо и преплашено му првка малечкото срце, а потоа леко го сложи на тревата пред себе.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Стоеше, увиснат, а ноќта беше само тих шепот на снежниот врнеж, кој не се слуша, кој само се сеќава со неговата мека густина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Го лади ушето и се присетува дека и како дете исто вака го касна пчела, на истото уше и на истиот негов мек дел, јаготката, каде што носеше обетче што му го имаа ставено да не фаќа урок.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Како да го заборавам неговото мало муцунче, неговата мека кадифена козина, ишарана со два реда бели дамки, неговите витки ноџиња со жолти копитца на врвот? Како да го заборавам?
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)