негов (прид.) - мирен (прид.)

Па сепак, еднаш и нему му се случило неговата мирна кобила да го фрли од самарот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Но, не остануваат во неговите мирни и благи води.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
И вистина, одвај ли има нешто поарно од ваквото свршување на македонската криза: за народот тоа е арно, бидејќи ќе се ослободи и од интригантите од разни народности и ќе се откаже од разни поддупувања што го одвлекуваат од неговите мирни работи: црквата ќе го помири неоснованото непријателство меѓу разните народности.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Од ова место, од овој брег, Профим наутро прв узнава каков ќе е денот; прв наутро со очите шета по езерото, и по неговата мирна или разбранета површина, заклучува каков ќе е денот: убав или лош; одовде тој прв го здогледува и раѓањето и умирањето на денот; одовде прв на дланка ги дочекува дождовните капки, првите снегулки, ветровите, маглите; по сите пролетни и есенски поплави што го зафаќаат селото, тој прв излегува од куќата како дедо Ное од ковчегот, и проверува што сторил господ; што однесле суводолиците од селото, а што оставиле; одовде тој секое утро се прекрстува кон манастирчето Св. Арангел, молејќи го за здравје и долг живот.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Остануваше да постои само неговиот мирен, сеопфатен поглед.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Ќе издржите вие, знам, ве познавам јас добро, сте влечеле и потежок товар. - нежно со шепот разговараше со својте коњи, мислиш комуницира со нив без никаква мака, а тие пак послушно го следеа неговиот говор, постапувајки според неговите мирни наредби знаејќи дека само така е можно да се успее во намерата.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)