негов (прид.) - најдобар (прид.)

Му реков на келнерот да го праша Dj-от што ќе се напие од нашата маса и го замолив да ми ја пушти една од неговите најдобри песни.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
За среќа деканот на медицинскиот факултет на YALE и бил татко на неговата најдобра пријателка Сју. А, мајката на Сју исто така, позната докторка.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Само соло-гитарата, неговиот најдобар пријател, молчеше.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Не се сеќаваше на сите свирки што ги имале, но се сеќаваше на онаа последната, откако неговиот најдобар пријател, пејачот, му кажа дека конечно решил да оди за Австралија.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Со колкаво само животно неискуство тој и неговиот најдобар пријател дебатираа тогаш, пред петнаесет години, со страст што може да ја има само таквата, сосема неискусна младост.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Неговиот најдобар пријател, оној што на крајот од таквите седенки, по дискусиите, толку добро ги пееше Азра, Бијело дугме, Идоли и Рибља чорба додека тој го придружуваше на гитара, им кажа дека ја презира земјата во која живеат.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
А јас негова најдобра другарка.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Кога Дејан, неговиот колега од секретаријатот и веројатно негов најдобар пријател на работа, му кажа дека од седумината од групата на Дарко, тројца работеле за гардиската тајна полиција , Петар почна уште повеќе да му се гади.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
А ние сите бевме негови најдобри пријатели.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Меѓутоа сведоците, како што се прави со шеријата и според шеријатските прописи за сведочење, кажаа друго: навистина Исхак-бег уште жив, бил самиот на сиот овој имот мутевелија и сопственик, но по себе го определил за мутевелија почитаниот Иса-бег, а по него неговиот најдобар син, по кого да се наредат најдостојните синови на нивните синови. И толку.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Тој е сè уште малечок за да сфати дека неговата најдобра другарка е вештерка!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Бабата: И што му правиш на ова кутро дете!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Значи, така. Тоа беше неговиот најдобар другар, со кој седеа заедно во иста клупа низ сите класови на гимназијата, си одеа дома еден со друг и пишуваа заедно домашни задачи, со кој си ги делеа подеднакво и книгите, и симпатиите и идеалите, како да беа побратими со измешана крв од жилите на зглобовите.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Всушност мелодијата е суптилно вткаена во едно од неговите најдобри дела - Последниот Контрапункт од Уметноста на Фугата.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Тоа е последната фуга која Бах ја напишал.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Керадер тоа го зборува како вистина по ѓаволите сакам да речам тој ја уважува таа свиња - дури беше еден од главните педери заборавив како ги викаат таму преку со оние Италијаните после големата војна замисли ги само тие дибеци кога го здогледале како го мота тоа црево долго пет стапки еден ден - само сакал да го извади проклетиот боздоган вели Керадер - па тие помислиле мора да е педерски бог-на-боговите или такво нешто и сакаа да го вработат или како тоа се вика добога е па Морт сфатил дека тоа не е толку бедна работа знаеш подобро отколку со него да вадиш нафта по Арабија или да затнуваш дупки по холандските насипи како што досега правеше таа свиња останува таму некое време и тие момичиња таму во тоа италијанско место го мачкаат со ежова маст и маслиново масло и сите заедно работат како весталки девици го соблекуваат таму на полињата и ги прскаат нивите и го истакнуваат Морт вели дека тој вели тогаш најмногу се приближил до онаа вистинската работа жими сѐ! да умреш од смеење! и тие му носат сѐ некакви остарени тетки и пензионери тој ги распорува како со некаква зачудувачка еутаназија за стари госпоѓи и ги благословува сите нивни ебани раѓања гмечејќи го својот член дури по малку и копајќи од страна на бунарот но ќе се распичка со римокатолиците затоа што не е обрежан па тие сакаат да го млатат но Морт вели не и тие не можат да му пријдат кога го има тој огромен овен па со него изведуваат чудо и му го збрчкуваат стариот стојко со света водичка и му го загреваат семето па тоа ги спржува полињата а еден ден дури запалува некој проклет вулкан и тој мој боже! не губи време стварта да ја префрли преку рамо и оттаму фаќа магла жими сѐ! но сега ко што велам таа ситна лирика е покојна и отпеала и тој се вози горе-долу со лифтот како и сите ние еве сега влегува во тој проклет кафез покрај нас куп гадови што се заебаваме со онаа малечката што управува со тој смртно опасен лифт некако чешајќи го својот набрекнат задник кобојаги случајно и мил боже како само се унервозува и пренемага белки пола од нас се брани пола привлекува играјќи се со тоа зуење на рачкат и летејќи угоре низ тоа зградиште и баш тогаш стариот Керадер жими сѐ тој понекогаш стварно изненадува таа шизната свиња ја мерка нејзината пурпурна сукњичка и што велиш! малечката воопшто не носи гаќички! нешто преубаво батка сакам да кажам слатка праска распукана пред туѓ овоштарник и кутриот стар Морт тој кобојаги малку се клешти малку навредува и за момент ние другите не гледаме во што е работата околу што целата узбуна меѓутоа тогаш таа неверојатна работа одеднаш испаѓа и се ниша токму под неговата брада како ебено божјо око жими мајка а тогаш ете тој голем откачен боздоган и мој батка се грчи тој и кине како проклетата секвоја кога паѓа богаму и го погодува стариот Керадер трас! и тој паѓа право на подот! неговиот најдобар пријател и таа мала бедна момичка таа фрла поглед кон тој невозможен член што кружи наоколу и удира по ѕидовите па таа сосема паѓа во несвест и жими мајка се струполува право врз онаа рачка на лифтот и за секунда батка помислив сите отидовме по ѓаволите 15
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Така го викале затоа што тврдел дека е делумно Индијанец.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Првите литературни обиди на Борхес и охрабрувања од татко му.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Џони Мохак се обидел да скокне во возот и паднал.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Го пишува првиот расказ под влијание на Сервантес и на англиски составил еден текст за античката митологија.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
На четврти март е родена Нора, сестрата на Борхес, неговиот најдобар пријател во детството и иден сликар. 1905.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Неговиот најдобар другар се обидел да скокне на некој воз. Џони Мохак.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Семејството се сели во Палермо, северното предградие на Буенос Аирес. 1906.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)