негов (прид.) - некогашен (прид.)

Беше тоа еден од оние моменти на помирување, кога упорниот глад во стомакот беше заборавен и кога неговата некогашна љубов беше привремено одново оживеана.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Се чувствуваше како среќен балкански Дон Кихот кому поради неговото некогашно револуционерно ритерство, инквизицијата сепак не му ги запалила сите книги.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Таму не успева да се сретне со новиот генерален директор кој одбиваше да го прими (за што напиша и посебна Изјава бр. 04-790), па неговата секретарка го препраќа кај заменик-директорот – со кого, претходно, Авдиќ имаше работено во иста канцеларија и имаше добри и коректни односи.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Меѓутоа, како што често се случува во стварноста, по стапувањето на неговиот некогашен колега на новата раководна функција, односите помеѓу нив двајца значително се влошија.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Се обидував, да ја споредам својата судбина на балканскиот дел на Медитеранот, на Охридското Езеро, како негов некогашен дел со камиевската во потрагата по енигмите на природата и забрзаните одговори на историјата, посебно балканската историја, како и реакциите на големите поети на светот, кои овде ќе минат неколку рајски денови(Андре Френо)...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тој го потсети на сличниот пример од поновата турска историја кога Ататурк (кон кого Бургиба покажуваше безрезервна восхит), обвинуван од Запад дека ја загрозува плуралистичката демократија, со фаворизирање на својата монистичка партија, побарал од својот компањон од сите битки за нова Турција, неговиот некогашен прв министер и парламентарец Али Фетхи Окјар (родум од Прилеп), да формира Либерална партија.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во текот на моите дипломатски години се најдов во Типаза и Картагина, двата доминантни топоса на медитеранските екстази и историските негации кои се во генезата на филозофијата на апсурдот во универзумот на Албер Ками.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Фоте ја погледна со прекор, подготвен да ѝ одговори штом ќе насети дека алудира на него и на неговата некогашна улога во логорот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Потоа оној изнуден и чуден предлог или барање од неговиот некогашен пријател Јаким во врска со белезицата (во истиот оној понеделник што се трудат да му го забошотат); божем најдобро ќе било тој да го заборавел случајот бидејќи станувало збор за скапоценост на мајка ѝ на неговата секретарка Ботка а не на Баручиеви.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Кога самотата, со годините што се пластеа врз неа, сè повеќе притискаше врз нејзиниот живот, Мајка се пре­се­ли во Татковата соба и спиеше на неговиот некогашен кревет.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)