негов (прид.) - омилен (прид.)

Татко внимателно го слушаше Камилски, кој навлегуваше и преку неговата омилена тема за империите на Балканот: Со падот на Византиската Империја во 1469 година, се свртува нова страница и во историјата на гастрономијата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Новите освојувачи на Балканот, Османлиите ќе го наложат новото тројство: шеќер- ориз- путер, од кои првиот и последниот елемент влегуваат во составот на баклавата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Самиот Холивуд исто така реагираше на духот на шеесеттите, но обидувајќи се да заведе, со чест на ретките исклучоци, се разбира.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Ворхол донекаде, како и неговиот омилен режисер Џек Смит, потсвесно реагираше на холивудските догми, кои во непроменета форма постоеја речиси триесет години.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Хироши беше негово бебе, негов омилен потфат.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Тогаш во просторијата ненадејно влета младиот - и „во ерата на распаѓањето на сите традиционални вредности”, како што велеше неговиот омилен универ­зитетски професор - пофално лево ориентираниот - господин Тони, кој побара, под еден, поширока елаборација на проблемот граѓанско-рурално, и, под два, подобра метафоричка контрала, помалку елипси, контигентност и јасност, ви се молам, културата ја сфаќам како канадска река низ која пловат совршено подготвени за понатамошна обработка трупци.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Во единаесет почнуваше неговата омилена „Час по анатомија“, потоа на полноќ беа вестите на Сител, најновите настани околу студентските немири во Грција и можното поскапување на струјата.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Од под рака го гледаше Том, крчмарот, како отвора едно шише од неговото омилено пиво и го става пред него. „Четирилисна детелина”, рече Даниел.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Го сретнав во една од неговите омилени дестинации – на дрвена клупа во градскиот пари.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Гледањето на епизодата„ А што правеа славните оваа седмица?“ во каде што гостин е неговиот брат беше неговиот омилен начин на безделничење.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
На масата му стоеше нерешен крстозбор со анаграм и ребус; неговата омилена пасија.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Еднаш Земанек ми рече дека не може да дојде на кино со мене, иако јас имав извадено карти, и сакав да го изненадам, оти токму се даваше Големиот Гетсби, филм според неговата омилена книга.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
За право да зборуваме, и мене неговата омилена музика не ми е баш многу по волја, ама кога сум со него, не ми пречи да ја слушам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
И не му велам дека е кич, зошто така да му речам кога не сум сигурна дали е или не е?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Пристигнувајќи дома, откако ја облече својата домашна бањарка во која велеше дека се чувствувал како Стравински, (ма, сигурно ќе се отарасеше и од неа, само да станеше шофер) го вклучи телевизорот за да ги чуе најновите дневно- политички теми, кое беше еден од неговите омилени ритуали.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Бартовата работа е карактеристична по големата стилска разновидност, при што неговите омилени техники се пародијата и пастишот (во распон од античките митови и Шехерезада до епистоларниот роман од 18-иот век), како и со нагласено сатиричка нота.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Хорот ја заврши песната и остана да стои на истото место; на Плоштадот на Слободата, во солзите на Гита Корец, во стаклестата зеница на последниот архирабин и во Вториот Ерусалим кој не изчезна, но постои и не престанува да се сонува себе си, во сенката на живиот град.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Јакне мането на песната. На лицето рабинот чувствува навев на топол морски ветар.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Рабинот широко ги отвора очите и погледнува зад девојката каде што се шири солунскиот Плоштад на слободата на кој стојат луѓе и гледаат во него: стотици, илјадници човечки лица, мажи, деца, жени, старци, некои познати, некои блиски, повеќето непознати и невидени, сите претворени во огромен хор што на крајот од мането, тажно ја запејува неговата омилена песна:  Primavera en Salonico halli al café Mašlum una nina de ojos pretos que canta y sona ud.  No me manques, tu Fortuna, del cafe de Avram Mašlum. Tu quitas los muestros dertes, que cantas y sonas ud.  El ud tomas en la mano con gilvéš y con šacaš. Los tus ojos relučientes a mi me hačan quemar. 17 
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Таа гледа во него и почнува да го свири мането од неговата омилена солунска песна.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Неговите планови се движеа од мал киоск-лимонадџилница, од каде што очекуваше постојани и сигурни приходи, до формирањето политичка партија што ќе ја спаси Европа од пропаст.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Само за кратко време, беше неговата омилена парола.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)