негов (прид.) - потчинет (прид.)

Не смееме да веруваме“, му велам јас, „дека сме негови потчинети или да не даде Господ негови пленници.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
За ставање крај на таквото трошење на државните пари реагирал и Јосип Броз Тито, барајќи да се оневозможи трошењето на тие средства "без вистинска легална контрола, а за цели против ослободителната борба во Југославија".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Неспорен е фактот дека Југословенската влада во емиграција уште од времето на напуштањето на земјата, располагајќи со државното злато што се наоѓало депонирано во трезорите на сојузничките и неутралните земји, ги плаќала сите кралски авантури; ги финансирала Дража Михаиловиќ и неговите потчинети; се фрлале златни фунти во земјата на четниците; ги плаќале Константин Фотиќ и неговата работа против НОД.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)