негов (прид.) - прв (прид.)

(...) Со самата одлука на мажот да му го послужи зготвеното тело на својот Љубовник и со завршниот истрел кој го запечатува неговиот прв залак, таа ја употполнува осудата и ропството над своето и над туѓите тела.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Секогаш кога ја прекинуваше работата за паузата за спиење, Винстон настојуваше да не остави на масата незавршена работа и секогаш кога ќе се довлечкаше назад, со залепени очи и сиот вкочанет, ја затекнуваше затрупана со нов куп книжни трубички што ја покриваа како снежен нанос, закопувајќи го говоропишувачот и претечувајќи на подот, така што негова прва задача беше да ги среди ролничките во колку толку уреден куп, за да си ослободи простор за работа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Неговиот прв објавен роман, Времето на козите (Le temps des chèvres) претставува чудесно напишана романескна алегорија за едно општество под ударите на еден тоталитарен режим со сите придружни аберации.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Неговите куси приказни како што е Burning Chrome (ќе биде објавена во следната Маргина!), биле редовно номинирани за највисоки литерарни награди во SF жанрот, во 1984-та излезе неговиот прв роман Neuromancer и ги освоил наградите Хуго (Hugo) (по избор на читателите), Небула (Nebula - по избор на писателите на SF) и Филип Дик (Philip K. Dick), гренслем меѓу писателите на научна фантастика.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Несвесно за својата спекулативна моќ низ времето, тоа го размножува првичниот визуелен, колористичен или звучен архетип во безброј нови заменки но никогаш тоа битие во животот, по силана сè, нема да успее да се ослободи од маѓепсното дејство на неговиот прв оган, прво оро, на неговиот прв збор.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Неговите први зборови кога ни пиша мејл од САД беа: „Ни во сон не сум можел да помислам дека има вакво училиште, прекрасно е“.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Не можеше да добие диплома, да матурира; на разговорот со директорот беше дрзок, и на овој му попуштија нервите, оти во есејот Лудвик беше направил некои неумесни асоцијации и за него, и за неверството на неговата прва жена.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Пушката беше сега негова прва мисла, прва грижа и знаеше дека не ќе може да се ослободи од неа.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
По неговиот прв целосно изведен проект, „Куќата Хундертвасер“ во Виена, интригантниот уметник е „почестен“ со најразлични епитети, меѓу кои и „разубавувач“, „генијален дилетант“, а неговата градба ја нарекоа „Кич- катедрала“, кич- палата“, „папагалска куќа“ итн.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Чекорите одминуваат, одат по некој друг, добро што не го запре овој вруток од пријатни мисли: „Во училиштето за сиромашни еврејски деца, учениците изучуваат четири јазици: хебрејски, грчки, француски и шпански.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
На сите нив, од друга страна не им беа доволни зафати, зафатите врзани за подобрувањето на политичкиот статус на еврејската заедница, ниту неговата прва, а така благородна иницијатива, за обезбедување домови за сиромашните членови на солунската заедница.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Се сосредоточува на текстот од интервјуто за „Der Morgen“ кој му се враќа во мислите збор по збор, онака како што го даваше тогаш, пред девет години, имајќи ги пред очите како негови први читатели, татка си, реб Апфелблум, своите ционистички пријатели од Жешов, авторитетните рабини на Берлин, дури и неговите просветени професори од Виена кои во неговото доживување стојат, тројцата, со широко разлистани весници, потчитуваат од неговото интервју, а потоа задоволно фрлаат меѓусебни погледи преку рамките на очилата и цвикерите и задоволно го одобруваат прочитаното...
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Го обвинуваа за арогантност, нескромност, за неодмерено покажување во јавноста.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тогаш и се ожени за неговата прва љубов од неговиот крај, една убава мирничка девојка, токму спротивна по својот карактер од неговиот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Кога ќе умре Добре, најдобриот човек на светот, неговото дело го продолжува неговиот прв син, Добре Втори, најдобриот човек на светот.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Истовремено со неговите први зборови, некој се обидува да ја отвори надворешната врата и кога не ќе успее, почнува да удира во неа.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)