негов (прид.) - ран (прид.)

Винстон не можеше точно да се сети на некое време во кое неговата земја не беше во војна, но беше очигледно дека постоел прилично долг период на мир за време на неговото детство, зашто едно од неговите рани сеќавања се однесуваше на еден воздушен напад што, изгледа, сите ги изненади.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Таа исто така љубезно ги позајми делата од својата лична колекција, почнувајќи со трите коњчиња-играчки што Дишан ги изработил од сечени картони и ги исликал уште како дете.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Во овој број посебно ќе се задржиме на неговиот ран, британски период, пред да замине за Америка.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Иако се дело на неговата рака, овие мали фигури тешко можат да бидат групирани заедно со неговите зрели трудови; како и да е, исто како што и билбоке-то може да се гледа како најава на неговиот понатамошен развој, овие играчки го документираат неговиот ран интерес за игри, преокупација што ќе остави трага и врз неговата уметност и врз неговиот живот, со шахот како еден екстрем, и уметничките игри, односно, неговото одбивање да ги игра - како друг.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)