негов (прид.) - сериозен (прид.)

Втората стихозбирка на Милчо Мисоски со наслов “Записки“ доаѓа по повеќе од две децении од објавувањето на првата (“Чекајќи го ангелот“, 1991), не за да побуди сомневања во цврстината на врската меѓу авторот и книжевноста, туку напротив, да сведочи за неговиот сериозен однос кон она што вообичаено се нарекува творечки растеж и зреење.
„Записки“ од Милчо Мисоски (2013)
Но само како лута резерва – се расприкажал мојот млад пријател а јас навистина не знам каде завршуваат неговите сериозни размисли а каде почнува импровизацијата.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Често пати, кога ќе му викнеа мајсторите, небрежно и со потценување, како и на другите помлади: „Еј, момче!“, се штрекаа, штом ќе кренеа глава и штом ќе го видеа Велета исправен пред нив со неговиот сериозен и секогаш длабоко замислен израз на лицето.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Во извештајот стоеше дека психичката состојба на шимпанзото е крајно разнишана, па поради неговата сериозна трауматизираност и немањето изгледи за негово опоравување, ќе биде задржано на лекување.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)