негов (прид.) - силен (прид.)

Мораше, конечно, да се соочи со вистината дека, без големиот Татков занес, што го попречуваа други, без неговите силни илузии дека некаде ќе заминеме, како некогаш, по кружниот пат на јагулите, во потрага по некој друг пат на враќањето, ние го губевме еланот за опстојување, надежта...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Многу сиџилски содржини останаа во неговата силна меморија што не го напушташе ни во поодминатите години.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Во таков Трајко, во неговите силни раце, Толе ја виде долгата берданка како пукало од бозеј во рацете на осмогодишно дете и навистина го обзеде, за првпат, страв од човек.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А особено ако дигнал рака на падишахот и неговите силни слуги.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
По лубениците и грозјето што им идеше разбраа дека летото поминало, а потоа и воздухот ја мени својата температура, та се уверија дека и зимата дошла.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Се трагаше по пат како да се излезе среќен од Балканвавилон, од неговата силна сенка.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во секој случај, сите во црквата се смраморивме кога од олтарот го чувме неговиот силен глас кој трипати повтори: „Господи помилуј, Господи помилу, Господи помилуууј...“ Не се сеќавам освен ова „Господи помилуј“ дали разбрав нешто друго ама убаво ми беше да го слушам пеењето на дедо попот.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Но веќе во работата на Леонардо, "надгледувана" од неговиот силен интелект, се чувствува дека противречностите се претвораат okno.mk | Margina #22 [1995] 13 Raphael-Stanza Della Segnatura - детал во халуцинација; светот и човекот се кинат.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Се отпушташе уморено на неговото силно рамо.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Бојан виде како неговите силни фарови шараат по темните буки, ја разгрануваат темнината, но не отрча да го пречека.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Во дружбата останаа уште почитатели што ќе го викаат Фантома и ќе остануваат зачудени со неговата силна способност да доживува љубов.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Оти кога ќе посакаат да се засили ветрот за да успеат да се симнат до земја, тогаш пак неговиот силен здив ги разбркува златниците наоколу, подалеку од нивниот досег.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)