негов (прид.) - скриен (прид.)

Неговата скриена желба веќе стоеше на тацна. Требаше само да ја пружи раката.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Таа беше навлегла во некој пригушен, мистичен агол на неговото битие и со своето необично барање таа ги разбуди неговите скриени тајни, древни и несомнени верувања.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Тој сè ѝ кажа. Ѝ ја извади на видело неговата скриена суштина.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Во здравиците дојде до израз и неговиот скриен поетски порив.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Во последните денови, од онаа ноќ кога го слушна нивното завивање преку Гола Глава, тие беа негова скриена мисла и постојан страв.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)