негов (прид.) - старечки (прид.)

Болеше глуво и постојано тоа сознание за старецот, беше една судбинска болка за животот, што еднаш мора да заврши, и тоа сега на сите оние трагови од неговите старечки раце во овие простории им ја даваше болната можност да потсетуваат на себе тажно.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Појасот со повеќебојни риги му се одмотал од половината и се влечел по него, го чинел бавен, грмушките и камењата му ја кинеле линијата на движењето.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
По улица, кучето одеше толку разиграно и лесно како да е бестелесно, трчајќи де пред него де зад него, така што господинот Гроздановски се чувствуваше подмладен во ситуација кога убавина го облетува и истовремено го милува по целото негово старечко тело толку желно и за најмала топлина со каква што зрачи нежноста.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Ако не друго, тоа беше еден нов, свеж цвет во празната вазна на неговиот старечки живот.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Бел пламен, за миг, се вивна нагоре и остро ја оцрта неговата старечка фигура, која како да беше сега уште посмршавена...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Неговата старечка бавност не ветувала спас. Но не бил старец.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)