негов (прид.) - студен (прид.)

Сигурно негде по високите планински врвови, кои уште од есента беа забелени, ноќва напаѓал нов снег, па неговата студена миризба се шири по планината, им се заканува на сѐ уште црните ридови, кории, долини.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
При него таа се губеше сосем, гледајќи да биде што понезабележена, зашто секое нејзино послободно движење ќе го проследат преку железната рамка на очилата неговите студени и остри очи.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Стана, дојде до прозорчето, забришувајќи ја со дланката неговата студена, потна површина.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)