негов (прид.) - тажен (прид.)

Старецот полека стануваше расеан; во неговите тажни очи, под тешките запалени капаци со ретки и куси клепки, блескаше чуден сјај.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Сега збогум, можеби некогаш ќе се вратам за да го спасам вујко ми, - оди, оди Леме, оди мило, како да ми велеше неговиот тажен, несреќен поглед.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Му се чинеше дека нема да замине, ќе скокне во морето, ако го сретне уште еднаш неговиот тажен поглед.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Другарите молчеа потиснати од неговата тажна приказна.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Го понуди со слатко, но тој ја прекина.  „Драга госпоѓо, седнете Ве молам, имам нешто важно да Ви кажам”, рече со решителност која воопшто не одеше со изразот на неговите тажни очи.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Макар што не е баш јасно дали очајниците се на морската шир или во некој од романите за почетокот на дваесет и првиот век, Габриел Гарсија Маркес, кога би бил во дворот на куќата во Картагена секако ќе им викнеше дека кој има многу ѕвезди и губи многу ѕвезди, Гбриел Гарсија Маркес, малку омлитавен и многу задишан, бездруго ќе си спомнеше и на неговите тажни курви, ќе го отклучеше чекмеџето и со други сеќавања, задолжително ќе излупеше една банана од плантажите кај Аракатака, ех, од Аракатака, вака така до врвот на сопствената мака - нема белки овој свет да стане мал крематориум на големи соништа.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)