негов (прид.) - тежок (прид.)

Здогледувајќи го свекорот, таа завриска.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тој се наоѓаше некаде далеку од оваа сала и тука беше само неговото тешко опуштено тело и маската на неговото лице, безизразно замрзната и свртена кон Глигора.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Огромното лице ( затоа што постојано го гледаше на постери, секогаш мислеше на него како на еден метар широко ) со неговите тешки црни мустаци и со очите што го следеа наваму натаму, изгледаше како да рее во неговиот ум само од себе.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
При глетката на неговото тешко, избрчкано лице, толку грдо, а толку интелигентно, му се стегна срцето.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Таткото се сврте на врисокот и тие го здогледаа неговиот тежок, полничок лик.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Паѓам на нозете на честитиот наш калиф и го молам за совет и прошка што му додевам во неговите тешки работи.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)