негов (прид.) - темен (прид.)

Фокс беше конте, а озбилноста на неговите темни француски одела ја нарушуваше детинесто праменче кое никако не сакаше да стои на место.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Неговите подвизи беа чудните жени во неговиот живот, чудната смеа на неговите волчи заби, чудната крв под неговата темна кожа.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
По неколку минути неговата темна силуета се појави меѓу палмите и бргу залута во пустината.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Арсо, кој од почетокот отуѓено ги слушаше зборовите на Глигор, со интерес се загледа во него, во тоа енергично лице со широки вилици, со опнати цврсти мускули, со испечена од пустинското сонце кожа на вратот, во неговата темна кадрава коса, во јаките гради коишто силно и власно се подигнуваа како да се стремеа да го наполнат просторот на ќелијата и да искочат надвор од неа.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Претпазливо пиеја. Се задржуваа пред влажниот поглед на домаќинот, пред неговиот темен глас.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Старецот ја лееше својата мака. Неговиот темен глас тромаво пливаше по голата соба и оставаше зад себе празнина и недореченост.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
XVIII. Мислеше на својот Брат. Тоа сега му ја исполни сета негова темна внатрешност и зрачеше некаков живот во неа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Лицето на Господ Бог, во неговите темни дворови, се замагли, зашто рамнотежата на слога со сопствената околина беше нарушена.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Сите негови темни внуци и роднини се криеја по гратчињата ширум светот, вршеа невидени работи со својот ум или вештерските прсти и белите заби; од небото фрлаа огнени јазици или пак итаа по шумите во облик на волци, под светлината на месечината.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)