негов (прид.) - трагичен (прид.)

Камилски замина замислен, првпат откако се врати од Голи Оток, сега зајакнат и орен за работа, но подјадуван од малите порази што ги доживуваше со луѓето во местата каде што работеше, никогаш со разбирање за неговата трагична судбина и минато на затвореник на Голи Оток, макар невино осуден, потоа и рехабилитиран.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Семејството и искреното пријателство со Татко остануваа последните пристаништа на неговата надеж.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Останав на маргините на палестинското прашање, но будно ја следев судбината на Јасер Арафат како владетел до неговиот трагичен крај, на пријателите од неговото опкружување, од неговата генерација кои беа и мои пријатели...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Силата брзо ми ја враќаше сознанието дека се враќав скршен, но недокршен од родната земја и од Атеистичкиот музеј во Скадар за еден ден да сведочам за неговото трагично постоење...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
И новата земја што ја претставував во Франција, како десети дел од некогашната југословенска федерација, Република Македонија, природно не покажуваше интерес за комплицираното и за неа некоњуктурно палестинско прашање, макар што обете земји на некој начин се судруваа со слична судбина...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)