негов (прид.) - или (сврз.)

Во замена за тоа, ако еден народ добие политичка слобода или се исполни нешто друго важно за народниот живот, без негово или со мало негово содејство, тогаш кога кај него нема уште изработени народни идеали или ако се изработени не се усвоени од сите членови на народот, тогаш, во таков случај, народот не ги цени народните идеали и, како човек без определена цел и програма за работење, се фрла ту на една ту на друга страна, правејќи го тоа не затоа што е убеден оти така треба да биде, ами затоа што гледа дека има околу него луѓе што постапуваат така или инаку.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но сепак, овие несомнени тешкотии ќе бидат практично мултиплицирани, барем при првите средби со пациентот, заради неговата или нејзината намерна опскурност или сложеност зад која се крие, како зад димна завеса.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Еве неколку фрази што требаше да ги напишам деновиве, но немав време, инаку под влијание на еден безгрижен Џек кој знае зошто егзистира Овде, ја знае ништожноста на своето битие, и ги одбира двете варијанти што во случајов (негов или мој) би биле (или се) најдобри(?) На човек кој излегол од затвор подарено му е правото да живее.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Значењето се доживува произволно во склоп со моменталните чувства на гледачот, и кон неговите или нејзините поединечни склопови од лингвистички асоцијации.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Идеалот на личноста во неговата или нејзината професионална личност е “себичноста”.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Гласот, оној негов или на некој што е невидлив, прашува со нагласени согласки што ќе види и тој се сеќава на сѐ што гледал во куќата како дете: сабја кулајлија со вткаени букви од сребро во канијата - Смрт или слобода, стари црковни книги од времето на минатовековната игуменија Минадора, француска или германска кацига од времето на Балканските војни, турски тепсии со богати шари, ископани и начнати римски или такви некакви фигури на светци и војници, шандани, кандила, ками.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Тој или јас, по негово или по мое, војна или мир – ете, така ќе им ги претстави работите...
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Веќе третпат се договара да се најдат на кафе во некое од кафулињата во центарот на Охрид каде што, додека седеа и разговараа, Едо со задоволство рагледуваше наоколу да види кој негови или нејзини познати ги виделе и како се однесуваат кон тоа.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)