неизвесен (прид.) - судбина (имн.)

Уште тогаш неговата мала и кревка родна земја, излезена со неизвесна судбина од отоманскиот тунел, пет века трагајќи по излез од него, со сите рани, лузни на преобраќањата, верски и идеолошки, по сите преселби и битки, му се виде и како плен на сталинистичката идеологија.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Почнуваше големиот егзодус преку Јадранското Море кон неизвесната судбина.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Веќе копнееше за човечки збор, за нежна мајчинска грижа, за топлиот светол дом, за училиштето кое сигурно веќе почнало да работи, за другарите кои го чувствуваат неговото отсуство и ги пече неговата неизвесна судбина, но колку повеќе им се предаваше на мислите, колку повеќе се пушташе тие да го водат, толку повеќе го разјадуваше немирот, па стана, иако уморен, се фати за секирата и го почна својот двобој со Јурукот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Испратените британски воени мисии во Порече имале неизвесна судбина.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Некои од нив биле убиени од страна на бугарските воени и полициски сили, а некои биле фатени и предадени на Германците, потоа пренесени во Скопје, а оттаму во Софија, каде што биле распрашувани од агенти на Гестапо.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Баждар се изгуби, нè остави во шепите на неизвесната судбина, а Пенчо се превиткуваше пред силната жена чиј спокоен и мек глас ме доведуваше до треска.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Неочекувано брзо се спријателував со овие деца без детство, мали луѓе - со сива, неизвесна судбина.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Што да прави сега со децата? Што ќе прави ако нешто му се случи, заглавена помеѓу овој град што ѝ стана туѓ, веќе снемилен дом и оваа војна што сите, па и неа ги насели во еден масовен кошмар?
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Гита го жали: во пролетниот календар на гибелта, некогашниот прв човек на заедницата, сега само странец во еден голем ориентален град што никогаш наполно не го прифати за свој, поранешниот главен рабин и претседател на општината на Салоника ги брои писоците на локомотивите што ги најавуваат транспортите на живи луѓе, откорнатици со извесна дестинација, но и неизвесна судбина.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Во килавата мугра, Гита Корец гледа кон народните населби и ја чувствува, особено во вакви ледни мугри во кои на небото сенишно се пробиваат првите зраци, неизвесната судбина надвисната над градот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Во мај, разредениот воздух над гетото Барон Хирш само двапати го пара писокот и го исполнува пареата од локомотивите на двете композиции со нов човечки товар во истите добиточни вагови: на 3-от и 9-от ден на месецот во кој едвај кој можеше да забележи како богато цутеа дрвјата во дворовите од напушените еврејски куќи.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Снимателот немаше доверба во својот асистент да му ги даде инструментите што си ги задржа на вратот како амајлија, иако во штабната барака не го очекуваше некоја неизвесна судбина освен да пие ладно кафе, да трга цигара по цигара и одвај да чека да му понудат од шишето што се криеше во бирото.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Според повеќемина во семејството, не биле толку драматични самата преселба и животот во туѓина, колку што била неизвесна судбината на враќањето.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И ова провлекување низ војските постојано ќе ја следи во животот, откако ќе го оформи своето семејство, ќе ги изро­ди своите чеда, и тие со неизвесна судбина на Балка­нот, како нејзината некогаш.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)