неизлечив (прид.) - болест (имн.)

Во тие моменти на загриженост си мислев колку е тешко кога знаеш дека си болен од неизлечива болест, си мислев, колку си храбар што живееш со таа мисла, а сепак, психички не потклекнуваш.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
По весниците ќе пишува: „... страшната и неизлечива болест, „таа и таа”, што ја покоси Европа и е прогласена за чума на совремието, ја прошири личноста по име...“
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Да ме повикаше да се поздравиме, или да се разболеше од некоја неизлечива болест, па неговата смрт да личеше на нормалните.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Се сеќавам и на однесувањето на претседателот на Француската република Франсоа Митеран, кој во последните години од владеењето, дури под притисокот на неизлечивата болест, чинеше натчовечки напори и усилби како да остане во историјата, макар што во граѓанска Франција, вечните мандати беа ограничени, а демократските традиции силни Минував близу претседателската палата, близу улицата, кога Бургиба, пред неколку дена продолжуваше, добро облечен да ги врши своите утрински прошетки за да ја убедува нацијата дека е тој жив и здрав и дека ведро чекори.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)