неисцрпен (прид.) - извор (имн.)

Со ова уверување тој го следеше антропозофот Рудолф Штајнер, кој во ова преобразување на медот што го прават пчелите виде пример за самиот процес на животот - “хаотичниот, течен” материјал, отелотворување на “духовната топлина” и, како таков, неисцрпен извор на енергија - во “кристална скулптура... со правилен геометриски облик”.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Според Бојс, преобразувањето на медот во саќе од страна на пчелите е “примарен вајарски процес” и, како таков, модел за секое создавање на уметност, поединечно и општествено.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Медитацијата го смирува умот, го челичи телото, го овозможува откривањето на неисцрпните извори на позитивна енергија. Таа е облик на пречистување на мислите.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Младите писатели и обожавателите на SF, израснати под влијание на beat-от и на хипи движењето во шеесеттите и седумдесеттите, го устоличија новиот технолошки грал - микрокомпјутерската технологија како движечка сила на творештвото и неисцрпен извор на шпекулации за своите дела.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Геометриското саќе е духовната топлина во негативна форма; течниот мед е духовна топлина како позитивна сила на животот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
За традиционалистичкото толкување на маниризмот нивните трудови се неисцрпен извор и секогаш би требало да се наведуваат.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Кога 1474. Marsilio Ficino го објави своето дело Theologia Platonica, во него ја опиша природата како неисцрпен извор на она што го нарече хиероглифи.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)