некогашен (прид.) - дипломец (имн.)

Како некогашен дипломец по правни науки и исламска филозофија на Цариградскиот универзитет, Татко и во доменот на заедничките турцизми на Балканот наоѓаше аргументи за својата теза дека христијанската и муслиманската вера покрај противречностите коишто ги содржат една спрема друга, како источни религии почивајќи врз источниот мистицизам заземале дистанциран став кон западниот начин на мислење и претставата за светот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Некогашниот дипломец на Цариградскиот универзитет, ја напушти кариерата во високата хиерархија на новата турска администрација со препораки од самиот Ататурк по средбата со него (за која никогаш не говореше, особено во сталинскиот период), беше префинет познавач на старотурското арапско писмо.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)