нематеријален (прид.) - штета (имн.)

За претрпени физички болки, за претрпени душевни болки поради намалување на животната активност, нагрденост, повреда на угледот, честа, слободата или правата на личноста, смрт на блиско лице, како и за страв – судот, ако најде дека околностите на случајот, а особено јачината на болките и стравот и нивното траење го оправдува тоа, ќе досуди справедлив паричен надомест, независно од надоместот на материјалната штета, како и во неј- зиното отсуство.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
210 Имајќи ја предвид сериозноста на ситуацијата, големите трошоци за евентуалната операција и лекување, како и намалената животна активност и претрпениот страв – работничката, после консултација со адвокат (А.Ѓ.Танчевски) кој правно ќе ја застапува во сите понатамошни фази на спорот, летото 2008, се решава да тужи по основ на повреда на работно место и на тој начин да бара обесштетување со кое што ќе го продолжи понатамошното лекување и ќе ја надомести направената нематеријална штета.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
При одлучувањето за барањето за надомест на нематеријална штета, како и за висината на нејзиниот надомест, судот ќе води сметка за значењето на повреденото добро и за целта за која служи тој надомест, но и за тоа со него да не им се погодува на стремежите што не се спојливи со неговата природа (чл. 189, ЗОО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Кога податоците на вештаците за нивниот наод не се сложуваат суштествено, или ако наодот на еден или на повеќе вештаци е нејасен, нецелосен или во противречност самиот со себеси или со испитаните околности, а тие недостатоци не можат да се отстранат со повторно сослушување на вештаците, судот може да определи супер вештачење... (чл. 246, ст.2sq од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Судот, на барање на оштетениот, ќе досуди надомест и за идна нематеријална штета ако според редовниот тек е извесно дека таа ќе трае и во иднина (чл. 192, ЗОО). 7.  Второстепениот суд ја испитува првостепената пресуда во оној дел во кој се побива со жалбата, во границите на жалбените причини; а по службена должност внимава на примена на материјалното право и на повреда само на некои таксативно наведени одредби од ЗПП (в. и чл. 354, ст.1sq од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
6.  Штета е намалувањето на нечиј имот [обична штета] и спречувањето на негово зголемување [испуштена корист], како и нанесувањето на друга физичка или душевна болка или страв [нематеријална штета] (чл. 142, ЗОО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Исто така, со оглед и на постојаниот карактер на оваа терапија која мора континуирано да биде спроведувана, квалитетот на животот на Ф.И. значително е намален.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во периодот од јуни 2008 до јануари 2010, пред месно надлежниот суд се одржаа вкупно четири рочишта за главна расправа, на која беше спроведено и медицинско психијатриско вештачење од страна на вешто лице – психијатар, а беше сослушан и доктор- специјалист офталмолог.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
5 Во јануари 2010 судијата (Ѓ.Христовски), во присуство на полномошниците на обете странки, донесе позитивна пресуда во корист на Ф.И. со која се усвои нејзиното тужбено барање и работодавачот беше задолжен, под страв од присилно извршување, во рок од осум дена да ѝ исплати вкупна сума од 750.000 МКД (12.300 ЕУР) на име справедлив надомест на нематеријална штета на работничката и тоа:6 а) 150.000 МКД за претрпен физички бол; б) 300.000 МКД за претрпен страв; и в) 300.000 МКД за душевни болки заради намалена животна активност; а сето ова сосе законската затезна камата која почна да се пресметува од февруари 2009.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)