немирен (прид.) - дух (имн.)

Неговиот немирен дух и лузните од транзицијата во која успеваа само татините синови кај него будеа доза на гадење и анимозитет. ***
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Уште на тргањето, на скопската станица, дознав дека во Париз живее Кире, наш карикатурист, а знаве каде тој може да биде, познавајќи го неговиот немирен дух.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Татко ми почина; и неговиот немирен дух, спонтано и моќно навлегуваше во моите раскази за детството, за љубовта, за тагата.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Нивниот немирен дух не им дозволуваше да заседнат повеќе од два дена на исто место.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сигурно твојот немирен дух ќе дојдеше до израз, ќе прашуваше и ќе се интересираше за многу нешта.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
А ти, со твојот немирен дух, дегустираше вина, се интересираше за многу работи, разговараше со вработените во винариите, им наоѓаше замерки, ги фалеше нивните вина…, сè по ред, ти којшто беше толку интелегентен, начитан и имаше познавања од многу области.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Синот негов и личеше и не личеше на него; го потсетуваше на него по својот немирен дух, по своето широко интересирање за таканаречените воншколски дејности - по читање весници, списанија и книги вон лектирата; по својот занес за современата забавна музика; по својата ангажираност во музичката група, каде што не удираше само по тапани ами свиреше и на други инструменти, па другарите го избраа за глава на тајфата; а не го потсетуваше на него по своето непочитување на куќниот ред, по променливиот успех во учењето и по отсуството на секаква сериозност да пројави интерес за некоја наука или струка на која би ѝ се посветил по матурата - освен музиката, се разбира, но не класичната ами исклучиво џезот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
И сред тој блесок приказен, далеку од бол народен, во страстен пир се спуштивте немирен дув да смирите.
„Песни“ од Коле Неделковски (1941)
Јас маченик, маченици ќе помагам немирен дух лудо разигран, се додека клетки, дух божји, сила не продава... Живеј, како било...!
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Додека се подготвуваше за таа експедиција и набавуваше сè што ѝ беше потребно, Илко дозна многу работи за неа, за нејзината страст да истражува пустини и колку досега истражила, а таа за него дозна од каде е, што бара овде, каде шетал досега по светот и каде ќе оди понатаму; виде дека Илко има немирен дух, скитачки, смел, се впушта во ризици, како и неа - и го засака; дури му предложи да ја придружува неколку дена низ Сахара, и Илко се согласи.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)