немирен (прид.) - сон (имн.)

Цела недела потоа животот му беше како немирен сон.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Небото, исчистено од ниските, набрекнати облаци, што низ сè мокриот прозорец на болничката соба се открива по штотуку завршениот немирен сон, се претопува во последната глетка од сонот.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
А во ноќта, пијан и зол, удираше по вратите на станарите од Нојовиот ковчег, се кикотеше и липаше, беше страв и ревење за судбината на некаков коњ (Слушате ли, бројки: тој коњ сум јас!) за некаков кловн што умирал секој ден (И тој кловн сум јас!), за Јана (Мајко божја, зол е твојот син Исус!), за се, за се, и се колнеше дека никому не му донел добро - се до својот кошмарен и немирен сон простувајќи се од својата будност со закана дека ќе го дигне во воздух Нојовиот ковчег.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Меѓутоа, нејзиниот немирен сон продолжи. Кога една ноќ ненадејно се разбуди со солзи, се сети дека ја сонувала мајка си.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Цела ноќ ветерот завиваше, дождот плискаше и сите тие шумови се плетеа во немирниот сон на момчето.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Се завива со сѐ што има внатре, но ништо не помага: ѝ се тресе снагата, ѝ штракаат вилиците; од студ се буди; гледа: Бандо во немирниот сон ја исклоцал со нозете покривката од неа и ја оставил гола.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Доминира циглата, сивите бои и студената атмосфера.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Од немирниот сон што трае со месеци, од превртувањето во постела неделава, од наглото станување од кревет, мугриве.  Холокауст центарот е трауматично здание.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
„Во таа постела, си помисли, постојано недостасувам јас”.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Сега чувствуваше само задоволство што пополни еден дел од големата празнина, која уште во Виена фати да се отвора во него.  Отиде до одајата на децата што спокојно спиеја, ја погали малечката, го покри постариот Ариех, кој - му шепотеше Гита во ноќите на тивка исповед - откако него го однесоа, сонаваше детски кошмари и имаше немирен сон.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Гого ги протри очите неколку пати, да не е само да му се привидело, од пусти желби и немирни сништа, но таму сетики стоеше неговото име, името на татко му и семејното презиме, што си го носеа по името на селото сѐ по удолницата од сртовите, по суводолицата на скрките.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Како мислиш „немирен сон”? - Па блада, зборува во сон.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
- Ништо особено. Зошто? - Имаше немирен сон. Нешто како да го возбудило.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Козар маало тонеше во немирен сон. Сите соништа беа различни, но во сите главни јунаци беа нашите кози.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)