ненужен (прид.) - и (сврз.)

А тогаш... ... Нивниот заеднички пат ги одвлече в село да видат неуредени куќи со црни стреи;запуштени и накривени ѕидишта; недоверливи ситнооки прозорци, - врз нив гнили штици, матни стакла, поцрнети стари календари; потоа: нечисти и нерамни сокаци низ кои се влечеа звуци и мириси, предчувствувани претстави за недогорени суви дрвја, кочини, мали деца, катран; расфрлани мртви предмети, ненужни и запуштени - накривени коли, одамна почнати, недоплетени огради, корита, алат; куп сонливи куќиња, кокошки, деца.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Му личи, од тие причини, пајакот на бог презрен и казнет од другите богови, смален и фрлен на лицето на земјата, да биде вечно исмејуван како мал создател, создател на мали, ненужни и непостојани вселени, ткаени од пајажинест конец, вселени трајни колку и мигот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Па и преподавањето сказанија, собитија и истории, зарем не е траење на мрежа совршена, во која секоја нишка, секој конец треба да дојде на своето место кога времето ќе стигне за тоа, кога јазлите ќе се заврзат, и зарем и тие, сказанијата, не се ненужни и непостојани вселени?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)