необјаснив (прид.) - начин (имн.)

Зачадената ноќ со многу ветви и избледени ѕвезди му одговори со некој свој недоизјаснет шум - да, Оче Симеоне, и ти си мртов на необјаснив начин; се движиш далеку од животот во мртви простори и проколнат си род на кукавица што те оставила во туѓо гнездо. Мртов!
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Изминатите месеци не работеше ништо; две години беше вработен во еден институт за патологија, што значи дека околу две илјади трупови минале низ неговите несвесни раце; на некој необичен и необјаснив начин тоа го беше истоштило.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Прераскажувајќи му го животот на она трето лице за кое самиот себеси се смета, чувствува во последно време чудна осаменост во оној дел од внатрешноста, кој за жал не може да се опфати со обично зборување и кој, на необјаснив начин започна да се исполнува со празнина и тоа таква, што го поттикнува да чувствува сомнеж.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Уште еднаш бараше сила да гледа директно во лицето на човекот што страдаше, кој беше причина за неговото измачување, и повторно ја најде потребната сила во лицето што личеше на маска, кое на некој необјаснив начин го потсетуваше на челичен катинар, кој цврсто држеше некоја недостижна тајна.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Што всушност опфаќа „нашето“ тело?
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
„Тие велеа дека користењето е како играње руски рулет, дека луѓето што земаат Е паѓаат мртви на необјаснив начин, додека вистината е дека луѓето умираа поради прегреаност на просториите и дека тоа може да се избегне ако се внимава.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
„Медиумите едноставно ги немаа погледнато фактите“, коментира Сандерс.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Во секоја перцепција на „нашето“ тело на необјаснив начин е содржана и перцепцијата на надворешната телесност која влијаела врз него.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)