неопходен (прид.) - информација (имн.)

Покрај тоа, со промените од 2002 година на работникот му се даваат уште две права: правото да ги добие сите неопходни информации кои се однесуваат на неговото здравје и ризиците од него и правото да се жали до надлежната инспекција на труд доколку работодавецот не ги преземе сите мерки и средства за целосно обезбедување на здравјето на работниците (чл. 5, ЗИДЗЗР/02).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Тие, во основа, биле запознавани само со неопходните информации за кои одговорните при штабовите сметале дека би требало да ги знаат.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Тие ги немаат неопходните информации за тоа како се добиени изразените мислења, и ова драматично го намалува опсегот на можни реакции.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Оттаму и незадоволството на Дикинсон кога во октомври 1944 година ја известува својата централа дека ГШ на НОВ и ПО на Македонија, на чело со Апостолски, "заминале во непознат правец без да го известат", со што било оневозможено спуштањето воен материјал, поради неможноста да се лоцира неговото место.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Поради недостапноста на овие критични информации, читателите чувствуваат одредена „исклученост“.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)