непознат (прид.) - вид (имн.)

Едно чудно животно од непознат вид трчеше низ широките простори на неговата радост, но каде се беше упатило и со каква цел, немаше одговор.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Од друга страна чувствуваше дека е ослободен од товарот на еден пристоен куп проверени сомненија и недефинирани заклучоци: Каква е, на пример, смислата на лубеницата што слободно шета по воздухот подржувајќи лет на непознат вид птица; или на гроздот што се обидува да избега од твојот поглед оставајќи зад себе чудни траги од патики па не си сигурен дали плодот навистина користиел нозе или само успеал да не му се покори на одамна воспоставениот закон на гравитацијата?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)