непознат (прид.) - свет (имн.)

Арсо живее со книгите. Тие го влечат во непознати светови.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Во светлата соба околу него пловеа непознати светови - белите богови на Алјаска, непроѕирните џунгли на Африка, златните води на Азија.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
А сиот свет, што уште можеше да биде негов, беше еден блед, бескрвен свет на победен, еден непознат свет, на кого мораше допрва да свикнува и да се помирува со него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тој космички миг на среќавањето со мртвото тело на Рацин на плоштадот, покриено со знамето на земјата, на неговата земја за која живееше, страдаше и пееше, тој молневит душевен потрес, таа отворена рана, страдалничка, на елегичните стихови на неговата Балада што нѐ сплоти сите во плач и липање беа, можеби потсвесно, но длабоко во чувствувањето и мислата оној никулец што ги откриваше како еден нов, дотогаш непознат свет на болката на постоењето и на убавината на зборовите, мојата чувственост, мојата приврзаност и определба за поезијата.
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Кој му е крив на Нероден Петко што заскитал низ непознатиот свет пред да се роди?!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
5. Паѓање, непрекинато паѓање. Околу него се кршат недовршени предмети и патуваат кон бездната на еден непознат свет.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Кликнува: - Вашата грижа ме храбри, сакани! Небото чека, и непознатите светови!
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)