непознат (прид.) - во (предл.)

Да се влезе во долината да се навлезе во неа како да се оди во сон по краишта непознати во кои сѐ се знае.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
А кога тие, неговите клетви и молитви секнаа, (точно на годината откако бил извршен злосторот и точно во истиот месец, во време вршење) ден, два, потоа, во ливадите во Три Дабје се јави еден глас; беше среде ноќ, беше јасна месечина, туку грмна, како од земја да изникна, дотогаш на никого непознат во Потковицата: Море огреала, огреала јасна месечина, море што е време, што е време коњи за крадење, моми за љубење.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
XXI Невестата Ервехе, со питомината, со тивкоста која ѝ беше речиси вродена, влегуваше во еден патријархален свет кој беше речиси непознат во нејзиното семејство.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
– Помеѓу мене, жените и Непознатиот во соседната соба немаше посредници.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Во друга витрина во истата просторија беше изложен еден предмет, досега непознат во литературата за Дишан: “bilboquet”, играчка што се користи во една детска француска игра, која се состои од дрвена прачка со украсена дрвена рачка забодена во неа.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Овој театарски настан што Дишан го гледал во пролетта 1912 год. претставува доживелица од пресудно значење - како што подоцна објаснува самиот уметник - во формирањето на најраните размисли за „Големото стакло“.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
А сето време бев ангажиран со помислата дека Непознатиот го познавам, и дека се наоѓа негде овде.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)