непознат (прид.) - за (предл.)

Да се разминуваш, да изустиш добра вечер, о, светци, а тие, се загледуваат во тебе, незнаен и непознат за нив, и те поздравуваат: ти првпат миеш раце во облаците?
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Некои од тие шумови, необични, непознати за неговото уво, доаѓаа од подалеку, можеби откај плевната или од преку потокот, додека едно жално квичење и гребењето на вратата беа нешто сосем јасно, блиско, разговетно.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)