неполн (прид.) - саат (имн.)

За неполн саат удри и второто клепало.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Се задими целото сретсело и засмрде на курешници, што им ги ставија под главите на обесените, а тие што беа испружени и стенкаа со искршени коски од бој, почнаа одново да пиштат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тогаш Толе се јави од гробиштата, сега тој на аскерот в грб, та овој пак се врати во своите метеризи околу конакот и казармата, а селаните се разбегаа кој каде види по чукарите и си отидоа дома. III ТОЛЕ МАРИОВСКИ ПАША Толе остана сам со своите осум опробани другари.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
За неполн саат на сретвселото гореше оган десетвпати поголем од коледарски.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но војводите за неполн саат, додека Толе се расправаше со Расимчауш беа го поминале селото Жиово и пак на старото место, на Жиовските ливади, се собрале и се ладеа на студената чешма.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)