неполн (прид.) - час (имн.)

ЛУКОВ: Ах, да. Се разбира. За неполн час ќе дојде пајтонот по тебе, а со него и твојот револвер.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
И за неполн час се направи карма од петстотини товари дрва.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ама, за неполн час крај главата на ибн Пајко остана само Бошко.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
За неполн час успеаја да го симнат болниот старец низ Гола Глава.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)