непосреден (прид.) - опасност (имн.)

Вработен има право да одбие извршување на работа доколку претходно не е информиран за сите можни опасности и штетности, или ако работодавачот не го обезбеди пропишаниот здравствен преглед.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
А, пак, според актуелниот ЗБЗР (2007): Кога еден или повеќе 214 вработени го напуштиле работното место или опасната зона, заради непосредни или неизбежни опасности по нивната безбедност при работа, тие не смеат да бидат ставени на одговорност заради нивна реакција во вакви случаи (чл. 25, зт.4 од ЗБЗР).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Работодавачот е должен веднаш, а најдоцна во рок од 48 часа по настанот, писмено да го извести органот на државната управа надлежен за работите на инспекцијата на трудот за: а) секој смртен случај; б) колективна несреќа и повредите при работа кои предизвикуваат времена не- способност за работа повеќе од три работни дена и в) секоја појава која претставува непосредна опасност и ја загрозува безбедноста на вработените при работа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Вработениот има право да одбие извршување на работа и доколку е изложен на непосредна опасност по здравјето или по животот, кога не се спроведени безбедносните мерки и да побара нивно отстранување.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Се предвиде и дополнителна обврска за работодавачот кој мора веднаш, а најдоцна во рок од 48 часа по настанот, писмено да ги извести органот на државната управа надлежен за работите на инспекцијата на трудот и претседателот на синдикалната организација, односно синдикалниот претставник на репрезентативниот синдикат или претставникот на вработените таму каде што нема синдикат и претставникот на вработените за безбедност и здравје при работа за секој смртен случај, колективна несреќа и повредите при работа кои предизвикуваат времена неспособност за работа повеќе од три работни дена и за секоја појава која претставува непосредна опасност и ја загрозува безбедноста на вработените при работа. (чл. 8 од ЗИДЗБЗР/окт.14) 84 Закон за безбедност и здравје при работа, Сл. весник на РМ, 92/07.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Дополнително беше утврдено право на претставникот на работниците задолжително писмено да бидат известени од страна на работодавачот, веднаш, а најдоцна во рок од 48 часа од настанот, за смртен случај, колективна несреќа и повреда при работа која предизвикува времена неспособност за работа во траење повеќе од три работни дена, како и за секоја појава која преставува непосредна опасност и ја загрозува безбедноста на вработените при работа. (чл. 6 од ЗИДЗБЗР/окт.14) Овие права, покрај претставникот на работниците за безбедност и здравје при работа, ги имаат и претседателот на синдикалната организација, односно синдикалниот претставник на репрезентативниот синдикат или претставникот на работниците таму каде што нема синдикат. (чл. 7 од ЗИДЗБЗР/окт.14)
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
4.  Според статистичките податоци, во 2009 година само само 1,6% од деловните субјек- ти имаат 50-249 вработени и само 0,3% имаат над 250 вработени (Државен завод за ста- тистика „Број на активни деловни субјекти, 2009 година“). 136 и елиминирање на штетните последици, како и за безбедно извр- шување на работата преку писмени известувања и упатства, а во исклучителни случаи, кога вработените се изложени на непосредна опасност по нивното здравје или живот, и усно.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Според неа – работодавецот беше должен, во случај работникот да одбие да работи поради немање доволно безбедни услови, веднаш да преземе мерки за отстранување на непосредната опасност за животот и здравјето на работникот (чл. 61, ЗРО/03 – Пречистен текст).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Сепак, новиот закон, покрај тоа што го задржува правото на работникот да одбие извршување на работа, ако биде изложен на непосредна опасност по здравјето или по животот, го содржи и правото така да постапи и во случај претходно да не биде информиран за сите можни опасности и штетности, или ако работодавачот не му го обезбеди пропишаниот здравствен преглед (чл. 45, ЗЗР и чл. 39, ЗБЗР).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Татко, ослободен од стравот од непосредната опасност што демнеше пред неколку часа, да биде фатен и спроведен со семејството кон логорот Порто Романо, стануваше свесен за последиците на преселбата, во еден поголем временски раздел.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)