непримерен (прид.) - однесување (имн.)

Да повториме, тој ферман пристигнал кај Скопскиот бег и кадија дури од Стамбол заедно со наведената наредба за извршување на спомнатата казна во врска со непримерното однесување на спомнатиот Никола Леко).
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Е, ама солунецот Раде изгледа заборави дека ближеа изборите и дека неговото непримерно однесување престанува да е грижа само на власта туку станува грижа и на заинтересираните партии.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Но командантот на бродот сепак сметал оти непримерното однесување на граѓанството не било од политички причини.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)