несакан (прид.) - гостин (имн.)

„Да ви додадам малку млеко?“, студено ќе го прашаше Светлана, како да се наоѓа во ресторан, пет километри оддалечени од куќата, а тој да е несакан гостин, останат по фајронтот.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Гостин сум на животот, ќе вели, несакан гостин.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
По таа посета на несаканиот гостин, кучето, грифон или не, ќе биде тоа што ќе се чуди што да прави како што стариот професор Гроздановски сега не може да види никаков излез од положбата во којашто се имаше најдено.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Александар почувствува олеснување, како кога некој несакан гостин ќе го напушти домот во кој му е укажано повеќе од потребното гостопримство.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)