несвесен (прид.) - дека (сврз.)

" по пауза праша госпоѓата Гологанова, несвесна дека не прашува за расата, туку како да прашува за името на кучето.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
„Не може да се види опачината“, му реков на Владе, „несвесен дека всушност ја читам реченицата што ја гледав на листот хартија“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Френк деновиве го има истото чувство додека ги гледа нивните фотографии од тоа време: еве ја веселата Марџори на плажа, сѐ уште неоскверната и поубава и од неговата ќерка, со оние две прекрасни деца; еве го него како позира на својот велосипед, сѐ уште несвесен дека неговиот панкреас решил да го убие по кратка постапка.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Ја пуштивме да си оди, несвесни дека таа навистина ќе го направи тоа.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Јас ѝ го скратував животот веројатно секој ден по малку, несвесна дека го правам тоа со моето однесување.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)