несреќен (прид.) - ден (имн.)

И паркот беше испустен, изгазен од многуте луѓе што во првите несреќни денови си најдоа засолниште во него. Изгледаше жално.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
А она Стефани рече она нејќе породи у вторник зошто вторник несреќен ден.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Додека траеше мерењето и се ставаа белезите на чаирот, папуџијата Јосиф стана старец од сто години, се згрбаве и ја истегна напред шијата како да граби воздух што му недостасува, ама да рече дека оваа работа му прави голем задоволство, или пак дека на овој несреќен ден можел да го доведе само ваков будала како зет му, е мисла само на недугави: татко ѝ на Тодора остана нем до крај, со откорнат јазик, и така ја пречека завршната работа како варен ошав.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Никогаш не му дадов знак дека е во мене и дури по оној несреќен ден кога ме расипа агрономот во изораната нива и додека бев во болница во Сомбор тој се појави и јавно ми призна дека мене ме гледа како замена за својата спалена невеста независно што ми се има случено.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)