несреќен (прид.) - мајка (имн.)

Можеби настаната од потребата да се поттикне јунаштвото кај борците; (нели, се зборуваше, откако успеал да ја протне бомбата низ отворот на бункерот, тој со своите гради го затнал тој отвор низ кој митралезот го бранел влезот во рудникот) а притоа творците на ова тврдење изумиле дека приказнава може да втаса и до ушите на тетка Боса Сотирова и дека тогаш јунаштвото на Благоја нема да е поттик туку ќе претставува бодеж што ќе длаби во срцето на несреќната мајка.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
41 А возот со сѐ нас, со нашите партали и несреќната мајка и таткото здробени од болка, тргна и цел ден не носеше по една голема, недогледна рамница. Не планина, туку дури и ритче немаше.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Остана време стемнето, несреќни мајки расплака – кај ќе си чеда приберат, кај ќе си век да векуат.
„Песни“ од Коле Неделковски (1941)