несреќен (прид.) - народ (имн.)

Меѓу врсниците се делел со големата мудрост, необична за неговите млади години, скромност, човечност, со еден збор - бил вистинска слика на својот поробен, несреќен народ.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Италијанецот земајќи од ребрата, му рече: - Само несреќните народи држат до својата историја...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Да, ти си истиот оној кој за своите дела ја заслужи пофалбата и довербата на овој несреќен народ, но денеска ти си дезертер, ти си предавник што заслужува само прекор и казна!
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)