несреќен (прид.) - настан (имн.)

- Разбра? - праша некого Чауле. – Сите настани можат да се сфатат кога постои желба да им се пријде на работите со чесни намери - заклучи со добродушна насмевка тој.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ослободен дури и од раздвоеноста што ја чуствував, а и од онаа глупава помисла дека веројатно само на едниот од двата мои раздвоени дела му е наметната неодредената одговорност во врска со оној несреќен настан од сношти.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
- Од такви, историски причини, ние и овде, кај Иле Битолчанчето одржуваме сеќидневни расправи за несреќните настани од минатото - се јави најсетне Овчарот и почна да изведува некаква пантомима, нешто како обраќање кон толпата што само тој ја гледаше, а Мајката и Чауле најпрвин се смееја, потоа одобруваа, и најсетне ракоплескаа.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)