нејасен (прид.) - и (сврз.)

Арсо со мислите е некаде на друго место, далеку од оваа строга замраченост во која ведрите утрини згаснуваат и во неговата душа се раздвижува нејасен и плаховит бунт.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Раната преку неговиот нос скоро да беше зацелена, и додека ја држеше Брунила за рака, тој почувствува како Европа станува нејасна и како се топи во далечините.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Ја фрлив копачката и со полна глава нејасни и испреплетени мисли потрчав кон излезот.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Но сега-засега од такви подробни разгледувања за засегнатите прашања уште нема голема и неодложна потреба; затоа требаше за сите од нив да се кажат по неколку збора, зашто тие едно без друго се нејасни и неразбирливи.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Таа се грчеше и искинато липаше со зафрлена глава, тој мислеше со ’рбетот дека ’рбетот ќе му прсне, и мислеше со мускулите дека мускулите ќе почнат да се кинат на танки кончиња, па после стана клопче без `рбет и мускули, без небо и корен, стана огнен здив и крцкот (Јано Јано Јано) како што беше и таа крцкот нејасен и искинат сладок бол.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Рака на срце, мене тогаш многу повеќе ме интересираа серијалите од типот на „Планетата на мајмуните“ и „Емануела“, така што воајерската страст на моите сограѓани да ѕирнат во приватниот живот на некои американски парајлии ми беше комплетно нејасна и будалеста.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Кај сега неважечкиот ЗРО од 1993 година, во чл. 23, сезонските работи можеа да траат најдолго девет месеци во текот на една година, што во споредба со актуелното законско решение значи намалување на временскиот период; е) до промени дојде и кај договорот за вработување со скратено време (и кај повеќе работодавачи) со што нејасниот и конфузен назив на овие договори беше променет со новиот трудово - правен институт договор за вработување со неполно работно време.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)