нејзин (прид.) - автор (имн.)

Конечно, и Првиот завет не бил утврден без крв.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Песната е преобразено битие на нејзиниот автор кој самиот себеси се осмислува во - завет.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Книгата остана заборавена, непреведена, неговата дијалектичка анализа не ја мина границата на родната земја Македонија.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Книгата на Климент Камилски, која можеше да се најде во светските библиотеки, во неговата земја, за која, впрочем, беше и наменета, во еуфоријата на сталинистичките закани стана невидлива, а нејзиниот автор заврши на Голи Оток.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Помеѓу 1890. и 1915. година настапи криза која го заниша опусот на Leonardo, истовремено кога „легендата” што го опкружуваше името на нејзиниот автор, добиваше, благодарејќи ѝ на симболистичката клима на епохата, често претерани размери.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Анри Бретон, 1945 Марсел Дишан имаше 15 г. кога беше публикуван романот Le Surmale (Мажјачиште), а 20 г. која нејзиниот автор Алфред Жари почина, во 1907г.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Макар што тоа никогаш не го формулирала експлицитно ниту тогаш, ниту во другите свои писма, што Ти ги испраќала с до 24 декември 2002, кога соопштува дека повеќе нема да се јавува, туку Те остава под закрила на твојот имагинарен ангел чувар... оваа внимателна читателка на Твоето книжевно писмо целосно е убедена дека тебе те создала и те промовирала во писател токму силната љубов на Твоите родители, под чија сигурност и закрила живееш и сега, години по нивната смрт.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Докажувајќи (на дело) дека расната белетристика тешко дека се пишува од авторската позиција која би го застапувала стандардниот машки гард: рационален, академски, дистанциран... ***
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Тие настани најчесто се селектираат така што преку нив треба да се бележи севкупната судбина на едно семејство, што служи како пример за начин на живеење во рамките на животот на еден цел народ (Solar, 2006: 262).
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Наполно сум сигурна дека госпоѓата Лејбовиц, таинствената дама на која ѝ е посветена Твојата последна книга деветтата книга од Твојот балкански серијал што продолжува решила да Ти пишува токму затоа што ја почувствувала и среќно ја декодирала токму неискажливата димензија на Твоето авторско писмо: неговата имплицитна тишина.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Додека ја читав токму таа книга за Твоите духовни пријатели (пред дваесетина години, кога уште не Те знаев), за првпат помислив дека нејзиниот автор треба да е некој чувствителен, прилично фрагилен човек (un uomo fragile!), кој тешко дека се вклопува во кодифицираната слика (имагологија, стереотипија...) за стандарден балкански писател.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Оваа состојба тешко би можела да се дефинира, доколку нема свои корени во длабочините на душата. (Старова, ibid.) Целата ваша натамошна кореспонденција, во која Елен Лејбовиц постојано се докажува како исполнителна, темелна, максимално посветена на Твојата литература, дури и мајчински внимателна кон нејзиниот автор... целата, велам, кореспонденција и не се занимава со друго освен со длабините на душата.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)