нејзин (прид.) - благост (имн.)

Во најмала рака, искушение е да се шпекулира дека камп-вредноста на таа мелодраматична епизода можеби лежи во нејзиниот повик до геј-мажите безопасно да се вратат на сцената на една слична траума (било вистинска било замислена): траумата на протерувањето од мајчиното присуство и од жариштето на нејзините благост, дозвола и општествена потврда.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
На крајот, заклучува Милер, Циганка (особено катаклизмичната завршна нумера, Обратот на Роуз) не допушта никаква можност ниту за „помирување“, ниту за „избор... меѓу обожаваната мајка која ни чува место и омразеното чудовиште што нѐ лишува од него). (120) ‌Искушение е да се изнесе сродно тврдење за геј-привлечноста на кулминацискиот судир меѓу мајката и ќерката во Милдред Пирс.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
На крајот на краиштата, токму дозволата од мајка му не само што успевала да го одложи, иако само привремено, забранувачкото женско обродување на театарската сцена туку и му дозволувала на момчето да претендира на оној вид општествен идентитет и субјективна целовитост што можел да го достигне само со имагинативна изведба.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Исто како што нејзините поттици биле таму со првите зборови и со првите чекори на синот, така и нејзината благост дава трајна дозвола за неговата изведба – која тој истовремено ја изведува за неа, со неа и како неа (86).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Таа е лик на мјузиклот (86) и лицето во чие име се разработува жанрот мјузикл (83).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Мајката тука се јавува како сцена, како публика, како поучителка и како ѕвезда: подлога за идентитетот на момчето и двери преку кои се здобива со пристап до себеси како субјект.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)