нејзин (прид.) - внатрешност (имн.)

Но затоа, веднаш би можела да ја почувствувам истата онаа возбуда од нејзината внатрешност како кога бев малечка, иако со децении не сум стапнала во неа, во широкото антре со мермерен под, од чија десна страна, во сутеренот, останува адвокатската канцеларија на г-н Сечков (и сега, кога ја замислувам, е како тогаш, варосана бело, со голема темно-кафеава работна маса пренатрупана со „предмети“, хартиени ролни завиткани со конопче, а пред неа, исто таков, темно-кафеав стол за клиентот).
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Се вртеше во постелата возбуден, нервозен; се поткреваше одвреме-навреме и пушташе рака кон столот, ја пофаќаше празната кутија од цигари, ја отвораше, чинејќи му се дека не ја избарал добро, дека ќе најде некоја преостаната; пипкаше со прстите низ нејзината внатрешност како слепец, како болен човек што посега по некој спасоносен лек; ја гмечеше кутијата со сиот бес туткајќи ја во рацете.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Звукот се одбива од нејзината внатрешност, а преку воздухот што таа го содржи, тој тапо се одбива и се пренесува низ неа.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Се чинеше како надворешноста да ѝ е одраз на нејзината внатрешност, како што е тоа случај со сета природа во која надворешниот белег произлегува од внатрешниот: и кај цвеќињата, и кај билките, и кај дрвјата, и кај секое растение; па дури и кај каменот: надворешниот изглед му произлегува од внатрешниот; внатрешната сила му ја определува надворешноста.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Напуштена е и ја гризе забот на времето и нема никаков белег дека во нејзината внатрешност некогаш се враќаше животот.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)