нејзин (прид.) - вресок (имн.)

Ме преплашува нејзиниот вресок.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Бррр, и сега дури ми се ежави косава од нејзиниот вресок. Писна и диво замавта со рацете.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Нејзиниот вресок како да го стивна за миг оној ураган што му дуваше во градите, просто поткревајќи го од местото.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Само го чу нејзиниот врисок.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Со нејзиниот вресок одекна и писокот на девојчињата.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Беше едно тивко смирување на онаа разбеснета игра, едно тивко гаснење, што почна да се меша и да го разјадува нејзиниот вресок.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се свртува на другата страна и писнува па од нејзиниот вресок неколку глави се креваат над веленцата.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Нејзиниот Вангел е легнат меѓу неа и Родна Караколева и нејзиниот вресок не го пробудува од длабокиот сон.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)