нејзин (прид.) - глава (имн.)

Тој редовно ќе нѐ прашаше дали сакаме клакер или лимонада, а откако Рашела ќе ме погледнеше право в очи и ќе одговореше одречно од името на двајцата, тој ќе ја ставеше својата крупна рака на нејзината глава, ќе ја погалеше по густата сјајна коса, нежно ќе ја лизнеше раката по образот на ќерка си и ќе останеше така, со блага насмевка на лицето, загледан со своите, во тажниот одраз на нејзините длабоки, интелигентни очи.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Во нејзината глава немаше ништо повеќе.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Снегот околу нејзината глава како да беше расцутел од аловата крв.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Стрела, смири се! - решително рече Бојан, притиснувајќи ја раката врз нејзината глава.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Тој седна до неа и ја завитка со наметката и дозволи нејзината глава да се навали на неговото рамо.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
До нејзината глава некоја полуотворена кутија со јадење од која се ширеше миризба која се мешаше со таа на човекот што спиеше од спротива мене.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Таа многу често си го гледала синот (може ѝ се присторувало), како надлетува над манастирот, прелетува над нејзината глава и како нешто ѝ говори, ѝ довикува, но зборовите не можела да ги разбере, заради тупотот на нејзиното нажалено срце.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Потоа отиде до долниот дел од креветот, и ги бакна нејзините стапала, кои лежеа на работ од постелата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Јас ја повредувам, а таа не се брани, не се обидува дури ни да ја отстрани повредата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Отиде до креветот на Клара, се приближи до нејзината глава, ги намести усните како да ќе ја бакне, но таа беше свртена кон ѕидот, а креветот беше превисок, и тој не можеше да стигне до нејзиното лице.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Таа остана мирна, не се помести ниту кога доктор Гете се приближуваше кон нејзината глава со иглата, остана мирна дури и кога врвот на иглата беше забоден во нејзиното чело.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
ИВАН: (Во првите мигови тој им се предава на тие бакнежи, дури се обидува и да се поигра со нив, но набрзо станува свесен дека со Неда нешто нечекано се случува и затоа ја зема нејзината глава во своите раце, се обидува да ѝ погледне во очите.) Ти плачеш?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Ивона, која навидум ги игнорираше зборовите на дамата, застана на црвениот сигнал кој се запали во нејзината глава.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сѐ ѝ беше измешано во нејзината глава, за која не беше сигурна од тешкото вино - каде вистински се наоѓа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Бараните сличности и различности се беа измешале во нејзината глава.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Таа слика во нејзината глава беше пореална од реалноста.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Се почувствува како ѕверка заробена во стапица со вперени пушки спремни нејзината глава да ја закачат како трофеј.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ненадејно во нејзината глава проработе стариот бес за кој мислеше дека може да го контролира.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Во нејзината глава, како на разбој расфрланите зборови, почнаа да се вткајуваат во стих.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ништо, па и најголемите убавини во нејзината глава создаваа слика на морбидност.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Но катанарите не успеваа да го спречат да се мушне и да направи вистинско безредие во нејзината глава.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Зборовите дојдов и воспитувачи беше доволен за да одекне гонгот во нејзината глава.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Господе! - Над нејзината глава забележа две исти насмевки со две подбрадни дупчиња и две исти брчки меѓу очите. Две полни усни од кои извираше кураж.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Таа лежеше во сенката и нејзината глава малаксано се опуштила на земјата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Резервна гума потпрена крај нејзината глава, и бел чаршав.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
„Тој куршум беше вперен во срцето на нашите чувства, а се распрсна срцето на твојот брат моја Сања,“ ѝ пишуваше Авни на девојката која остана во неговите сеќавања со широко отворени очи во триаголникот што со необично прави линии го формираше шамијата завиена околу нејзината глава.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Иако беше свесна дека косите се стрижат и се брчат, таа сето тоа сега го разбра како одземање на еден дел од нејзината глава.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Нешто како ветар кога влегува во шума, меѓу суви лисја.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
На вечера со семејството, мајката ѝ дава оддушка на горчината, поради третманот што го добила од неврологот. решенија за После многу скапи испитувања кои покажале нормални резултати, тој ѝ рекол дека болките и оттрпнувањето што ја исплашиле се должат на стрес и дека “сето тоа е проблемите во нејзината глава”.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Нејзината глава му почиваше на рамото, пријатниот мирис на нејзината коса ја надвладуваше смрдеата од изметот на гулабите.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Куќата ѝ е темна и мрачна; сѐ што гледа наоколу ѝ е црно; во нејзината глава се створија меѓи на нивјето; половината овци, говеда, двата вола, едната маска, една куќа, па дури и бакарот, и вршниците ги виде разделени.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Влетувањето на Чана во просторијата ја раздува мислата од нејзината глава, продолжението на она дека нашето е во нас, односно она што сме поминале дотука дека останува само и единствено во нас и секогаш кога ќе го разбудиме, кога ќе го боцнеме со врвот од копралата тоа џвргнува на сите страни, те замелушува, ти ги одзема сетилата, те заслепува и тогаш не знаеш ни што правиш ни каде си, ни кој си.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
И во нејзината глава веќе има мисла како треба да ги соса бабата Петра, нејзините внучиња и нив двете, мајка си и себе си.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Леле пуста јас! Благуслувена! врти во нејзината глава и не слуша што мели Танаскоица.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Пак продира гласот на мајка ѝ на Чана, ја растура мислата во нејзината глава Ет гу... пак с врнаа... си и креват пљачките. Сте с натувариа!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Пелагија, таа, кутрата, ќе го земе под своја рака! и спуштајќи ја главата над бовчата што ѝ служи како перница сосема ќе се доразбуди оти врз нејзината глава ќе првне нивниот петел и со кокодакање и удирање на крилајата ќе избега низ широко отворената врата.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Тука се бабините! открива нешто убаво во срцето забележувајќи како се стиснати околу неа, ама така, при свртувањето, додека низ нејзината глава се разбиструва сликата од мигновеновиденото: Добра со малечката таму во ќошот, со главата во скутот на мажот, а тој седнат со грбот на штиците и со отворена уста, Чана со мајка ѝ крај неа Види лебати, Чана си има ќерка! и никако да се сети кои се другите расфрлани низ бовчалаците и пљачките, и одеднаш она убаво во нејзиното срце станува болка.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Следното утро што ја разбуди со своите студени конци, не влезе во неа со сивилото низ стишната шара на пердето, туку прво во нејзината глава како куршум се забуца мислата Господи, што ти згрешивме јас и мојата сестра?
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
На овој дел од разговорот Петра навистина пропаѓа во сонот, и од тука до утрото е темница во нејзината глава каква што владееше и во просторијата, ама првата бледа светлина што удри низ дупката за џам ѝ ја поврати синоќешната слика па затоа се поткренува внимателно и го бара Костадина, а на местото каде што го гледаше веленцето притиснато, нагмечено, претворено во широко седело.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Во нејзината глава тие двајца јунаци не се спротивставени, па изгледа дека Шиљо ќе мора да живее под ист покрив со Господарот на џунглата.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
- Не, само нејзината глава.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Откако ќе извртеше Милчо со рацете околу нејзината глава, околу темето кое најмногу ја болеше, кое ја стегаше, во кое ѝ гореше нешто, ќе почнеше да се оддалечува со рацете и да ѝ вели да ја поткрева главата, и таа ја поткреваше главата.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Таа мораше и него да го внесе во сопствената судбина веќе разоткриена пред мајката Перса и сигурно сега е вистинскиот миг додека уште престојува во нејзината глава.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Најпосле, кога веќе сите мускули и коски ѝ стежнаа, пред да ги залепи клепките, Чана се обиде да си најде место во нејзината глава, ама кај ја собирало таа голема снага?
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Таа не ја врти главата, не ги упатува очите на лево, оди само напред, полека, полека, не ја ни чувствува тежината на ќеркичката, ама во нејзината глава се сместува последната куќичка, онаа што со пар прозорци гледа на долната улица, а само со еден на оваа по која сега чекорат.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Пелагија запира малку, ја поткрева главата, врз лицето ѝ паѓаат првите студени снежинки и наместо да ѝ одговори на Чана, друга мисла го зафаќа местото во нејзината глава, дека може заради оваа промена што мигум се случува таа го имала тоа ни добро ни лошо треперливо неспокојство.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
И да сакаше не ќе можеше да го протурка низ стегнатото грло ни да му даде поконкретна смисла од големата збрка во нејзината глава.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Во тој миг куршум просвири над нејзината глава и веднаш потоа цел рафал.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Важна е позицијата, а не нејзината глава, којa не треба да мисли за денес и за утре, туку во ова злодоба да мисли само за тоа како да ја задржи позицијата, противникот да не помине.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Се секира ли некој за нејзината глава?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Што беше тоа? Дали се токмеше во нејзината глава правата одмазда?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)