нејзин (прид.) - движење (имн.)

Извива Стојко со гајдата, го извива Бојана орото, а Доста и другите само во нозете на танчарката и гледаат и по нејзините движења играат. И го прави, пезевенката Бојана!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Требаше Хегел да ја „одухотвори“ материјата, нејзиното движење да го прикаже како движење на логичките категории, па да се дојде до поимот раѓање и настанување на стварите една од друга, и секое движење да се сфати како самодвижење, настанување, живот, како слевање на спротивностите.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Таа има моќ на убедување и секое нејзино движење, секој нејзин збор, секој поглед паѓаат на плодна почва...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тој ги следеше нејзините движења додека таа весело и милно, си ги враќаше назад на нивните места сите свои работи кои Кети ги даде на други.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Тој знаеше, од нејзините движења и од мирисот на пржената сланина и кафето, дека му го донесе појадокот.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Жената ја зафрли темната коса со левата рака и нејзиното движење се забрза.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Ги замислувам нејзините движења додека се соблекува. Ги симнува гаќичките.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
XXIII Не затворај ја вратата Не губи се во заборав... Махмуд Дарвиш Во моите дипломатски години во Картагина, како амбасадор во државата Палестина, како и во Тунис, беа од посебно значење во формирањето на претставата за Палестина, за нејзината борба за признавање и независност, за нејзиното движење на чело со Јасер Арафат, за личноста, животот и поезијата на Махмуд Дарвиш, овековечени со нашата прва средба во Струга, во август 1978 година, а потоа и со нашето долговечно и ненаметливо пријателство.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И оттогаш останав во трајно и ненаметливо пријателство со Махмуд Дарвиш, посебно со неговата судбина, која на одреден начин ме следеше и во моите дипломатски мисии, посебно како амбасадор во државата Палестина, која постоеше посилно во надежите на нејзините поданици отколку во реалноста...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Дерида, напротив, изгледа сугерира дека играта на трагата никогаш не може да биде претставена, бидејќи кога е именувана, кога човек се обидува да го запре нејзиното движење и да ја сфати, таа диссеминира, се одделува и продолжува и понатаму да се движи, преминувајќи на друго место.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Романтична божица со поглед ко медитативни бисери авторитарен отсјај во нејзините движења атракција за машки погледи скришум испратени од хаосот на мислата искована од еротски наплив...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Цела лажица пикна в уста.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Но, тој веќе одамна знаеше дека таа е убава, му беше позната привлечноста на нејзините движења, трептежот на црните очи, насмевката на румените усни.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Виде семејство собрано околу трпезата: трите деца и таткото веќе беа седнати, мајката сè уште стоеше и ги послужуваше, обидувајќи се – како што можеше да открие според нејзините движења – да ја задоволи нетрпеливоста на двете постари деца коишто мавтаа со лажиците и се врткаа на столчињата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Сонот за спокојство, за љубов, за мила и драга блискост што си го создаде за ова семејство и во кој и самиот уживаше, ќе се распрсне ако жената, крадешкум, во темнината е излезена на прозорецот поради еден странец.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Јас го гледам секое нејзино движење, секоја сенка што ќе и се појави на лицето.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)